На Заев му е драго што ДУИ ја напушта етничката агенда

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија ја заокружува етничката агенда и се насочува кон граѓанинот.

– Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа заради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок. Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи завет и обврска и во да го спроведат ветеното во пракса. Тоа го мислам пред се за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии, рече Заев.

Потенцираше дека граѓаните од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција во иднина очекуваат јакнење на работниците, јакнење на зелените агенди, заштита на животната средина, развој на економијата преку зелената економија или зелената агенда.

– Јас верувам дека ќе дадат резултат. Впрочем, вие ќе не цените, новинарите, а доминантно преку вас граѓаните дали навистина сите наши градоначалници, дали сите наши министри, директори, раководители ќе ја спроведуваат во праска толку значајната зелена агенда за нашиот народ, изјави премиерот Заев.