На истата забава каде што пред два дена присуствувал експремиерот и азилант во Будимпешта, Никола Груевски, била и познатата светска порно ѕвезда, Италијанецот Роко Сифреди.
Станува збор за бизнис настан во организација на Италијанската стопанска комора на Унгарија, а на присуствуваат претставници од голем број унгарски и италијански компании и познати ликови од светската естрада, а се одржува покрај Дунав.
Груевски е фотографиран со домаќинот на забавата, бизнисмен од Унгарија и една атрактивна бринета, а на фотографиите се гледа и Сифреди, исто така во женска придружба.