На ГП Богородица зголемена фреквенција на возила, се чека до половина час

Од:

На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотозојусозот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.