На џихад во Сирија гостиварец заминал со целото семејство

Од:

Гостиварецот со иницијали Б.Ф. е еден од повеќето Албанци од Македонија кои моментно се на боиштата во Сирија, а кој таму престојува од 2013 година заедно со семејството, објави порталот „Алмакос“.

Во веста се наведува дека тој бил економски добро ситуиран, поседувал бизнис во Гостивар. Kако прилог објавена е и фотографијата на која гостиварецот се гледа како пие чај заедно со Лавдрим Мухаџери, водачот на албанските џихадисти во Сирија и во Ирак. Под фотографиите пишува дека „лавот“ Лавдрим е жив.

Неодамна најпрвин курдска телевизија објави вест дека Мухаџери, кој е лидер на албанските џихадисти во ИСИС, е убиен, по што арапски медиуми објавија и фотографии на изрешетено лице за кое тврдеа дека е Мухаџери. Дали објавата на гостиварецот е точна не може да се потврди, како што не може да се потврди времето кога фотографиите се направени.

Би можело да ве интересира

Убиен најпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери

Емир Латифовиќ

Со воз за Белград тргнала во џихад

Ана Ололовска

Во Косово уаспени џихадисти, планирале напад врз бази на КФОР

Ана Ололовска

Марковиќ: Домашните џихадисти му се закануваат на Балканот

Ана Ололовска

ФОТО: Ова е главен штаб на џихадистите во Санџак

Ана Ололовска

Касулидис: Кипaр се наoѓа во опасната зона доколку џихадистите се насочат кон Либан

Ана Ололовска