На Богородица и Табановце се чека најмалку половина час

Од:

На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација, според АМСМ, се однесува само за македонската страна на премините.

Не е познато колку точно се чека на граничниот премин од грчка страна. Но, според сведочења на сограѓани кои заминале на продолжен викенд на море во Грција, се чекало и по два часа. Големиот наплив на граница се очекува вечерва кога ќе се враќаат македонските туристи од продолжениот викенд.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните знаци и ограничувања на брзината.