На автобуска во Гевгелија откриени 10 мигранти

Од:

Шест лица од Иран и четворица државјани на Индија се откриени синоќа на автобуската станица во Гевгелија.

Како што соопшти МВР, околу 20:30 часот, мигрантите биле забележани од патролен тим од полициската станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица“. Тие оствариле илегален влез од Р.Србија во Р.Македонија.

Лицата се приведени во полициска станица на понатамошна постапка.