На + 40 Заводот во Отешево без вода

Од:

Четврти ден на пеколни горештини, е вистинска мака за пациентите во воздушната бања во Отешево.

„Заводот за рехабилитација на респираторни заболувања“ е без вода.

За пациентите со цистерни се носи технолошка вода и вода за пиење.
Причина е дефект на електричната пумпа од водоводниот систем, предизвикан од прекинот на струја при големото невреме што го зафати регионот минатата недела.

Веќе е упатено писмо до ЕВН за да се надоместат настанатите штети, а збрзано се работи за санирање на дефектите
Објектот е стар и дотраен и буквално по половина век „плаче“ за реновирање.