А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ: Се анализираат ефектите од времената мерка што ја воведе Косово

by А1он18/07/2018 - 15:2518/07/2018 - 15:3394
Share0

Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина од 30 отсто за одредени увозни земјоделски производи (овошје и зеленчук) не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерството за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји.

Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина од 30 отсто за одредени увозни земјоделски производи (овошје и зеленчук) не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Дополнително, Косово е претседавач со ЦЕФТА оваа година каде што како три први приоритети во неговата Програма како претседавач се наведени олеснувањето на трговијата со стоки, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање на регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

Од македонска страна сите ресорни министерства, МЗШВ, Министерство за економија и Царинската управа работат на анализи на ефектите од мерката и многу брзо ќе излезат со реакција во однос на воведената мерка, за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

-Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно оринетираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од започнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот. Инаку, се работи за времена мерка која што е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари-завршува во соопштението.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен