„Во врска со пишувањата во дел од македонските медиуми поврзано со наводниот краток рок на употреба на инсулинската терапија, за појаснување на целокупната македонска јавност, а посебно за дополнително информирање на пациентите кои користат инсулинска терапија, би сакале да информираме за следново:
Министерството за здравство потенцира дека дека сите пациенти кои се на инсулинска терапија подигнуваат инсулинска терапија која се троши за индивидуални цели и за период од 28-30 дена.
Одговорно тврдиме дека нема инсулин во Република Македонија кој е со краток рок. Апелираме и повикуваме, доколку пациентите кои се на инсулинска терапија имаат таков доказ дека им е издаден инсулин со краток рок, веднаш да реагираат во Министерство за здравство.
Инсулинот кој е со рок на траење до 30.09.2018 година е потрошен во месец јули. Од 15.08.2018 година веќе се обезбедени и се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци. Секој лот (серија) на сите видови инсулин е регистриран со количина и рок на траење.
Истовремено сакаме да потенцираме дека на 15.08.2018 год. Министерството за здравство ја отпочна постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот Септември 2018 – Септември 2020 година“ велат од министерството за здравство.
