А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Малолетник го подметнал пожарот кај Матка, следи пријава

by А1он06/08/2017 - 17:06143
Share0

Полицијата соопшти дека малолетник од Скопје е осомничен дека го подметнал пожарот кај Матка и против него ќе биде поднесена пријава.

Добивај вести на вибер

Како што се наведува во соопштението на МВР, на 3 август околу 13,46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски е пријавено дека во село Долна Матка во близина на кајак клубот, односно шумата спроти реката Треска, е зафатена од пожар којшто се ширел со голема брзина.

Веднаш по пријавата за настанот на лице место излезени се полициски службеници од ПО Сарај, вработени од ЈП Паркови Зеленило, БППЗ Скопје и ЦУК, a известен e и Јавен обвинител.

„По превземените оперативни мерки и активности дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, противе него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ“, се наведува во соопштението.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен