Муслиманите во Аеродром бараат џамија

Од:

Весникот Вест пишува дека 150 муслимански семејства кои живеат во Горно Лисиче, испратиле барање до Исламска­та верска заедница да се изгради џамија во овој дел на Општина Аеродром.

Тие бараат ИВЗ да издејствува од Општината дозвола за изградба на верски објект во близина на нивните куќи, во кој секојдневно ќе може да ги извршуваат верските обреди, затоа што тоа сега го правеле во најблиската џамија во селото Батинци.

– Имаме и имот, сопственост на ИВЗ, на кој ќе може да градиме, само чекаме дозвола. Општината нe одби со образложение дека треба да се создадат посебни услови за тоа и да се промени Деталниот урбанистички план, кој не е во наша надлежност. Јас сум за из­градба и на цркви и на џамии, бидејќи тие се градат за верниците и онаму каде што има потреба, нека се кренат – изјавил скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, излегол со аргумент дека 99 отсто од населението во Горно Лисиче е православно и нема мнозинство за изградба на џамија.