Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за еколошка такса

Од:

Владинот предлог за воведување на нова давачка со која практично се зголемуваат цените на горивата за граѓаните, со сигурност ќе влијае за нов бран на зголемување на цените на транспортот и на сите други производи, зголемена неконкуретност на македонските компании на светскиот пазар, сето ова има потенцијал да предизвика и дополнителен шок на целата македонска економија рече на прес конференција во собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој вели дека во однос на овој Предлог закон ставот на академската заедница, стопанските комори и граѓаните е едногласен, а нивниот заклучок и јасна порака е дека станува збор за погрешна мерка во погрешно време.

„Имајќи го предвид сето ова, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци“ – рече Муцунски.