Со нападот на веб страницата на Министерството за транспорт и врски директно се кочат проектите што ги спроведуваме за економски развој на Македонија, реагираат од Министерството за транспорт и врски откако беше хакирана официјалната страница на Министерството.
„Ако се има предвид дека од веб страната граѓаните не можат да ги преземаат бесплатните проекти за типските куќи, ако граѓаните и бизнисмените не можат да имаат увид во јавните објави за отуѓување на градежното земјиште или се нема увид во транспарентноста на работењето на Министерството, тогаш сметаме дека секој обид за онеспособување на веб страната е директен обид за блокирање на проектите што ги реализираме“, се вели во реакцијата на Министерството.
Страницата е нападната од страна на извесна група која се претставува под името “Анон плус Анонимуси” и е оневозможен секаков пристап до информациите што произлегуваат од секојдневната работа на Министерството.