Мртво бебе донесено во битолската болница

Од:

Единаесетмесечно машко бебе вчераутро околу 6:45 часот родителите го донеле починато во Клиничката болница во Битола.

Од полицијата информираат дека извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.