„МОСТ“ со кампањи за Меѓународниот ден на демократијата

Од:

Граѓанската асоцијацијата МОСТ организира едукативни средби со граѓаните во повеќе градови по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата.

За подобро едуцирање на младите како да станат активни граѓани преку кампањата „Вклучи се ако си исклучен“ ќе бидат организирани отворени кампањи во пет градови низ државата.

Средбите со граѓаните ќе се одржат во Скопје во 11 часот пред Луна парк, потоа во Тетово во 13,30 часот пред пицеријата Форум, во Охрид пред Чинарот во 18 часот, на плоштадот во Прилеп во 12 часот и во Гевгелија во 17 часот на градското шеталиште.

Главните предизвици кои ги адресира проектот „Активни за демократија“ се недостатокот од познавање на младите гласачи за теми поврзани со изборите, како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси.

Исто така, проектот посочува на недостатоците во формалното образование за соодветно информирање на младите гласачи.

Во таа насока, проектот има за цел да даде придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.