Пратениците си знаат се, па затоа претставници на граѓанското општество , на експертската јавност и други засегнати страни за една година, учествувале во работата на „цели“ 5 комисии.
Има и комисии кои воопшто не вклучиче претставници на граќански организации.
Само три комисии за конкретен закон побарале помош од експертите. Ова се дел од резултатите од анализата на мониторингот на работата на комисите од страна на Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
Од 282 прочитани закони, 238 се предлог на Влата, 44 од група пратеници, а ниту еден по предлог на граѓани.
Многу од законите не го минале уставното сито.за последните 10 години, 51 закон се менувани од 3 до 5 пати, 5 закони се менувани повеќе од 16 пати, за еден закон, Уставниот суд има донесено 13 одлуки. Податоците не дават можност за анализа дали фрекфенцијата на измени и дополнувања на законите влијае врз нивната уставност.
„МОСТ“ препорачува,јасно да се разграничи што се јавни расправи а што надзорни расправи, да се смени Деловникот за поголемо учество на граѓанските организации.