Момче физички нападнато на паркингот кај „Беверли Хилс“ во Скопје

Од:

Утрово во 01,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ф.Н.(21) пријавил дека истиот ден околу 00,20 часот на улицата „Народен фронт“ на паркингот кај Трговскиот центар „Беверли Хилс“ од страна на повеќе лица физички бил нападнат при што бил удиран со клоци и тупаници во пределот на целото тело.

На Ф.Н. му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се работи на целосно расчистување на случајот.