А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Моември – месец на мустаќи и машко здравје

by А1он02/11/2015 - 11:54116
Share0

Во Македонија по четврти пат се одбележува моември, месецот на машко здравје, каде преку машкиот симбол брада и мустаќи се работи на зголемување на свесноста за здравствените проблеми кај мажите како депресија, рак на простата и други болести.

Добивај вести на вибер

Кампањата на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје ќе вклучува он-лајн активности и едукативни текстови, бесплатни прегледи за здравјето на косата, како и забава поддржана од светскиот бренд Дурекс.

– Нашата цел е да вршиме едукација и да превенираме. Ајде сите заедно да го смениме ликот на машкото здравје, изјави Ристо Гапиќ, извршен директор на ПРЕВЕНТУС.

Депресијата е актуелна тема на светско ниво, но кога се зборува за неа треба да се направи разграничување – дали станува збор за состојба или за болест, велат психолозите кои се вклучени во кампањата.

– Современиот маж во потрага по деловна реализација често се губи, т.е запоставува себе си. Останува и по 12 часа на работа со постојано чувство дека мора напорно да работи. Во такви услови многу често доаѓа до брн аут што резултира со повлекување и депресија. Тоа е најчеста причина за депресивност кај младите мажи, вели Марија Стефанова, психолог-психотерапевт од психолошко советувалиште Петар Пан, Скопје.

Како еден причинител кој што може да предизвика депресија кај мажите е и опаѓањето на косата. Затоа клиниката 101 и годинава, по четврти пат, ќе врши бесплатни прегледи за мажите.
– Секојдневниот стрес кај мажите може директно да влијае на здравјето на нивната коса и скалп. Се почесто имаме пациенти кои уште во нивните триесетти години имаат сериозни проблеми со косата. Навременото барање на стручен совет и помош е пресудно, смета д-р Елена Арсова, трихолог и медицински директор на „101 Клиник“.

Како крај на акцијата ќе биде организирана и Моември забава поддржана од светскиот бренд Дурекс, на која се добредојдени сите МО Браќа и Сестри.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен