МНР потврди дека Димитров и Коѕијас ќе се сретнат во Виена на 25 април

Од:

Министерството за надворешни работи ја потврди средбата помеѓу македонскиот и грчкиот министер, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 25 април во Виена.

Како што известија од министерството, двајцата министри во виена ќе разговараат во присуство на медијаторот Метју Нимиц.

Според грчките медиуми, средбата е иницирана од изјавата на Коѕијас за грчкото радио 247 дека е прекратко времето за Македонија до јуни да влезе во НАТО.

На последната средба на Коѕијас и Димитров во Охрид беше соопштено дека следната нивна средба ќе биде на 3 и 4 мај во Солун, а потоа и на 11 и 12 мај.

По средбата во Охрид македонскиот министер за надворешни работи, Димитров изјави дека за прв пат со неговиот колега Коѕијас разговарале за временска рамка во преговорите и начинот на имплементирање на евентуално решение. Напредокот во преговорите го потврдија и двајцата министри, но исто така истакнаа дека остануваат најтешките прашања во решавањето на спорот за името.