Млада струмичанка тешко повредена во сообраќајка

Од:

Вчера во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „БМВ“, управуван од П.Р.(26) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица