Пред точно еден месец градските власти, Шилегов и Богдановиќ заедно со Заев на прес конференција токму од оваа локација ветуваа реконструкција на улицата „Орце Николов“ без притоа да ги информираат граѓаните дека планираат да го сечат дрворедот рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Изминативе три години неколку пати ја раскопуваа оваа улица за на крај да резултира со уништување на зеленилото. Можеби за 30 години повторно ќе ја видиме „Орце Николов“ во светло во какво што беше до вчера. Нивните говори се полни со приказни за зелено, урбано Скопје, но делата на Шилегов и Богдановиќ се доказ дека тоа е само уште една лага во низата. Ова е доказ дека владеете со злоупотреба на довербата, а граѓаните нема да ви го заборават ова самоволие. Животна средина не е само збор кој се користи во предизборна кампања, тоа е начин на делување кој за Шилегов и Богдановиќ е непознат. Револтот кој го создадовте ќе биде ваша слабост на изборите“ – рече Митева.