Мисајловски: Нов експресен пат од Битола до Меџитлија

Од:

Ќе се гради нов експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета во Битола и Новаци.

Според Мисајловски, планирана е изградба на експресен пат со четири ленти од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова ќе биде нов експресен пат за кој ќе почне да се прави проект следната година. 

– Од следната година ќе започнеме со проектирање, а инвестицијата се планира на околу 10 милиони евра, но точната вредност ќе ја знаеме по изработкта на проектот. Исто така преку Јавното претпријатие за државни патишта планираме да извршиме и реконструкција на влезовите во градот и тоа од двете страни и од страната на Ресен и од страната на Прилеп, изјави министерот Мисајловски.