А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Министрите не сакаат да коментираат за „метлата“ пред почетокот на ЦО на СДСМ

by А1он26/05/2019 - 18:3426/05/2019 - 20:50475
Share0

Горан Сугарески не сакаше да коментира за негова смена од Mинистерството за транспорт и врски пред почетокот на седницата на ЦО на СДСМ. Имаше најави дека премиерот Заев во најавената чистка ќе го смени од функцијата и на негово место ќе дојде Зоран Китанов од Јавното претпријатие за државни патишта.

Добивај вести на вибер

“Се што имав да кажам, веќе одговорив претходно, нема што да коментирам.”, рече Сугарески.

И министерот Спасовски не одговори конкретно кој би можел да биде зафатен од метлата на Заев.

“Она што го очекувам е да донесеме добри одлуки вечерва” одговори кратко Спасовски.

Фросина Ременски пак кажа дека одлуките во партијата ги носат со консензус. Ќе ги слушнат предлозите на претседателот Заев, а ќе дадат и свои предлози, рече Ременски.

Како одговор на новинарско прашање, дали чувствува одговорност за лошиот изборен резултат во Скопје, Шилегов рече дека очекува одлуките што ќе бидат донесени вечерва ќе бидат во корист на функционални и здрави институции и ќе бидат победа над примитивизмот, фашизмот и простотилукот што го промовирал ВМРО ДПМНЕ.

Инаку во просториите на СДСМ, вечерва на состанокот ќе се разговара за исходот од изборите и кадровски промени во партијата и во владата, кои не покажале резултати. По завршувањето на седницата за одлуките изјава ќе даде Претседателот Зоран Заев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен