Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе ја посети општина Кичево при што ќе оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е Изаири да ги посети и селата Гаране и Строгомиште, каде се реализираат инфраструктурни проекти финансирани со помош на Министерството.