Министерот за локална самоуправа, Тахир Хани денеска ќе присуствува на конститутивна седница на Советот за регионален развој на Скопскиот плански регион.
Членови на Советот за регионален развој на Скопскиот плански регион се градоначалниците на 17-те општини од овој плански регион, десетте скопски општини и општините Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево.
Градоначалниците на овие општини, по одржаните локални избори ќе го одржат првиот состенок во рамки на Советот за регионален развој, кој што заедно со останатите седум во Македонија е формиран во 2007 година со донесување на Законот за рамномерен регионален развој.