Министерот апелира за заштита, работниците се печат

Од:

За работодавачите препораки за двократно работно време, а работниците се печат на 40 степени. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристоски побара газдите да ги почитуваат препораките поради зголемените надворешни температури и индексот на УВ зрачење.

Тој предложи двократно работо време, простории за разладување и да се избегнува работа на отворено, но не спомна казни за сите што ќе се оглушат на неговите препораки.

И додека се делеа препораките, надвор работниците и денеска, во најголемите горештини работеа на споменикот спроти републичкото собрание. Додека половина од државата е зафатена од портокаловата фаза на опасни температури до 41 степен, за градежните работници нема застој. Министерот остава на работодавачите самите да бидат свесни за лошите последици кои можат да дојдат доколку не ги почитуваат неговите препораки.

Под влијание на топла воздушна маса од Африка, во Македонија денеска преовладуваат екстремно високи температури, кои на места достигнаа и до 40 степени Целзиусови.

Христена Антовска Јованчева