Европската Унија обезбеди техничко опремување и реконструкција на 28 центри за социјална работа во земјава. Дополнително, 30 центри добија возила што е прц чекор со кој ќе се реконструира системот за социјална заштита информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на Центарот за социјални работи во Кавадарци. Таа додаде дека ако центрите не одат на терен, немаат возило и ако условите за работа и на социјалните работници и другиот стручен кадар се навистина лоши, тогаш не може да се зборува за квалитетна социјална заштита.
Министерката најави дека Владата планира да донесе одлука за вработување на нови 60 социјални работници во наредниот период. „Тоа ќе оди во две фази и со тоа ќе го подобриме квалитетот на услуги и теренската работа на овие центри за социјална работа“, рече Царовска.
Порача дека суштинска промена на овој систем за социјална заштита, ќе се види со донесување на новиот закон којшто е во процедура. Таа смета дека една година ќе биде сосема доволна за овој закон со широка дебата.
„Македонија мора да добие конечно мрежа на социјални услуги кои треба да ги нуди на граѓаните и тоа во плурален систем и бизнис сектор и граѓански организации и државата да ги нудат квалитетните услуги, но исто така и материјалните права или социјалните трансфери. Кога конечно во даден месец државата ќе исплати социјален трансфер, во моментот познат социјална парична помош, таа мора да биде над нивото на линија на сиромаштија, инаку не ја дава улогата и токму тоа го договараме на крајот од 2018 година конечно ќе го видиме во пракса и минималниот адекватен приход или исплата на социјален трансфер до линија на сиромаштија“, рече министерката.