Со загриженост укажуваме на штетните последици од прифаќањето на амандманите со кои Агенцијата за медиуми добива ингеренции да ги контролира и печатените и интернет- медиумите, а приватните телевизии да се кофинансираат со средства од буџетот на државата – регираат денеска од Македонскиот институт за медиуми.
Наместо да воведе регулаторен систем кој ќе биде основа за ефикасно остварување на слободата на изразување, компетитивен плурализам и демократизација на медиумската сфера, Владата свесно воведува ретрогрдани мерки за економски зависни медиуми, а последиците од ваквите решенија ќе доведат до целосна дисторзија на медиумскиот пазар и уништување на функцијата на медиумите како платформа за демократска дебата и артикулатори на критичката јавност – сметаат во МИМ.