[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Антонио Милошоски од собраниската говорница укажа дека не очекуваат избори во кои треба да се докаже капацитет на македонската демократија. Сите, рече, ја носиме одговорноста. И затоа треба да овозможиме што пошироки и попрагматични услови за учество на избори.
„Луѓето сакаат да учествуваат на локалните избори, и сакаат да имаат избор.
Македонија со овој закон влегува во историска фаза , се со цел да се дополни можноста на локалните избори.Ако сакаме да ги помогнеме евроатланските процеси, треба да го поттикнеме секого да учествува на овие избори. Ова е добра шанса за опозициската коалиција да размислат за постапките и целите и да ги стават во преден план интересите на Република Македонија.Демократијата не заслужува уцена, Македонија не заслужува уцена. До 3.март има време за да се размисли за ваков сериозен предлог но и за интересите на Република Македонија. Неучеството им оди во прилог на оние кои не работат за доброто на Македонија“, рече Милошоски.