Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков протестот на партијата го следи од зградата спроти Владата каде простории имаа медиумите “Република“ и „Слободна Македонија“.
Мијалков беше забележан на прозорецот во зградата веднаш на улицата каде што се одржува митингот на опозицијата.
Во првите редови пред бината може да се забележат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Даниела Рангелова.