ВИДЕО: Михајлова повеќе нема да му суди на Груевски, одложено судењето за „шамарите во Центар“

Од:

Главната расправа за „шамарите во Центар“ ќе започне од почеток поради распределување на судијката Татјана Михајлова која беше надлежна за овој случај. Судот предложи одложување на случајот за 2 февруари на што се согласи и обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.

Во предмет „Насилство во Центар“ обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Меѓу обвинетите се поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиески како и пратеничката Даниела Рангелова.

На претходните рочишта, вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски при што изјавија дека се каат за стореното.

Судот по барање на Специјалното јавно обвинителство на Груевски му определи мерка на претпазливост со што тој во петок на 29 декември моја да се јави кај шалтерски службеник во Кривичен.

Виктор Јованов