А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицотакис: Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и јазик што им ги даде грчката Влада

by А1он18/07/2018 - 16:5518/07/2018 - 16:56101
Share0

Претседателот на грчката опозициска Нова демократија, говорејќи пред политичкиот комитет на партијата, упати обвинувања до грчката Влада дека на нашата земја и дала македонски јазик, македонски идентитет и НАТО пасош, со што Грција го изгубила најсилното дипломатско оружје од изминатите години.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кирјакос Мицотакис рече дека земјата веќе ги живее негативните завршени работи од Договорот од Преспа, за кои, тие, наврмено предупредиле.

-Денес, секој ден, Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и македонскиот јазик што им беа дадени. Но, веќе го имаат и НАТО пасошот, оној кој господата Ципрас, Каменос и Коѕијас, побрзаа да им го дадат, лишувјќи ја земјата од најважното, најсуштинското, најефективното преговарачко оружје што го имаше. Дипломатското оружје што го искористија сите грчки влади во изминатите три децении. Националната линија од 27 години која беше крунисана од Костас Караманлис во 2008 во Букурешт и беше напуштена во рок од неколку недели, рече Мицотакис, пренесе МИА.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео