А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Виктор Јованов
Македонија

(ВИДЕО) Мемеди: Нема да дозволиме никој да го сатанизира договорот помеѓу албанските партии

by Виктор Јованов19/07/2017 - 16:3119/07/2017 - 18:08172
Share0

Нема да дозволиме никој, во ниту еден момент да ги сатанизира средбите и договорот што го направија албанските партии, порача иницијаторот на средбата за разгледување на точките од декларацијата меѓу албанските партии, Весел Мемеди.

Добивај вести на вибер

На четвртата средба на лидери на албански партии, на која присуствуваа сите албански партии, освен БЕСА, се разговарало за неколку точки, меѓу кои и законот за јазици според кој нацрт- законот е усогласен со сите партии кои што се дел од владејачкото мнозинство. Мемеди го потврди она што го соопшти и премиерот Зоран Заев – дека законот ќе биде ставен на владина седница и дека паралелно ќе биде доставен на разгледување и до Венецијанската комисија.

Спорот со Грција исто така бил тема на разговор на средбата помеѓу албанските парламентарни партии кои порачуваат дека треба да се започнат преговорите за решавање на спорот за името, со цел да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Албанските партии разговарале и за договорот за добрососедство со Бугарија, за кој сметаат дека треба да биде потпишан бидејќи, според нив, е клучен за решавање на споровите со соседите.

Мемеди изјави дека процесот на реализација на точките од декларацијата на албанските парии е на добар пат и дека голем дел од нивните барање се преточени во владина програма. Тој рече дека средбите ќе продолжат и во иднина, следната средба ќе се одржи наредната недела, а ќе ја свика Гзим Острени од Унитети.

Виктор Јованов

albanska platforma

Би можело да ве интересира

Средба на албанските парламентарни партии за албанската платформа, Беса нема да учествува

Виктор Јованов19/07/2017 - 13:1719/07/2017 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен