Мехмети: Рано е да се зборува за постизборни коалиции

Од:

Во овој момент мислам дека сè уште е рано, особено што сме во кампања, да даваме некакви оценки како би изгледала новата влада, затоа што тоа сепак влијае кај гласачите, вели Ермира Мехмети од ДУИ во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето како ќе влијае на изборниот резултат најавата на ДУИ дека и во вториот круг нема да поддржи ниту еден од претседателските кандидати, Мехмети вели:

– Oна што е најизвесно во овој момент е дека ќе имаме претседател избран без целосен легитимитет, без разлика што тој може да освои и милион гласови, но сè додека тие ги застапуваат само гласовите на македонската етничка заедница, тоа ќе значи дека тој претседател ќе владее всушност со криза на легитимитет – оценува Мехмети.

За тоа како ќе влијае тоа на владејачката коалиција, ако идната влада ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мехмети вели дека сè уште е рано да се даде конечна оценка.