Мехмети-Деваја: Македонија нема потреба од идеи како таа на Достоинство

Од:

ДУИ смета дека на Македонија не и се потребни, ретроградни идеи, одговарајќи на иницијативата на партијата Достоинство за почнување на собирање потписи за референдум со работен наслов „Достоинство за Македонија“.

Собранието ќе ја разгледа иницијативата на политичката партија Достоинство и ќе се произнесе за таа иницијатива преку гласање во Собранието. Претходно треба да ги достават десетте илјди потписи за да се започне собраниска постапка. На Република Македонија не и се потребни ретроградни идеи, иницијативи и активности каква што е ова. Верувам дека на РМ и се потребни позитивни, афиративни и идеи кои што државата ја водат напред, кои ја подготвуваат да стане вистинска европска држава со вредности во која се почитуваат толеранцијата, меѓусебната доверба и во која сите живеат во мир и хармонија- изјави Ермира Мехмети Деваја.