Само преку дијалогот може да се откријат различните светови, а бојкотирањето на дијалогот претставува бојкот на самиот себе и ја поткопува искреноста на вредностите кои се декларираа, порача премиерот Никола Груевски на Третата конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која започна денеска во Скопје.
Исламската верска заедница не се појави на Конференцијата и остана на својот најавен бојкот.
На Конференцијата беа највисоките верски лидери од Православната, Католичката, Еврејската и од Евангелско – Методистичката црква од Македонија, како и припадници на други верски заедници од земјава и светот.
Во своето обраќање, премиерот Груевски истакна дека одржувањето на оваа конференција е продолжување и на хуманата визија на покојниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, на чија иницијатива се одржа првиот Регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа.
ФОТО: Плусинфо