Медарски негира дека неговата адвокатска канцеларија е поврзана со фирмата од тендерот

Од:

„Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ изнесе тврдење дека фирмата, која конкурирала на тендер на Министерството е здравство е регистрирана на иста адреса, како мојата адвокатска канцеларија. Би сакал да ја информирам јавноста дека мојата адвокатска канцеларија нема никаква поврзаност со фирмата што конкурирала на тендерот и одговорно тврдам дека таа фирма, нејзините основачи, управител и вработени никогаш не сум ги застапувал, ниту пак лично познавам било кој од нив“-истакна адвокатот Филип Медарски, реагирајќи на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласува дека до моментот на излегување на информациите околу тендеро, не му била познато дека таа фирма има седиште на истата адреса како неговата канцеларија.

„На истата адреса се регистрирани повеќе од седум други адвокатски канцеларии, кои не се поврзани со мојата. Која од нив ја регистрирала фирмата на ова седиште лесно може да се провери во Централниот регистар, но тоа сигурно не е мојата. Било какво натамошно поврзување на мојата канцеларија со таа фирма или тендерот на Министерството на здравство ќе ги третирам како злонамерни и тенденциозни и ќе поведам соодветни постапки за заштита на мојата чест и углед“-наведе тој во реакцијата.