Марш на ангелите во Кочани: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли!

Од:

Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа, порачаа родителите и семејствата на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица.

Тие побараа неселиктивна и транспарентна истрага, како и ОЈО ГОКК да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, за коишто како што велат се сè уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат нивните постапки“.

Маршот на ангелите денеска почна во 17.05 во Паркот на револуцијата, а семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека Пулс“, како и граѓани од Кочани и останатите градови се движеа по познатата маршрута, поминувајќи низ Трговскиот центар, зградата на Општина Кочани, Полициската станица и завршија пред зградата на Основниот суд и Основно јавно обвинителство во Кочани.

Пред зградата на обвинителството семејствата порачаа дека оваа борба не е само за нивните загубени синови и ќерки. Туку дека денес зборуваат и во име на секое дете во оваа земја.

– Затоа денес јасно и гласно велиме: без независен и некорумпиран судски систем, без инстант политичка одговорност, оваа држава повторно ќе ја изложи младоста на ризик. Вакви трагедии ќе се повторуваат, и тоа е најстрашното сознание. Кој ја одолговлекува постапката? Зошто институциите молчат? Кој ги штити виновните? Нашите деца ги нема, но Вие имате обврска да ја истерате правдата! Ние, родителите, стоиме позади вас не за да ве штитиме, туку заедно со вас да ја истераме вистинската правда и да докажете дека во Македонија постојат институции кои не се корумпирани и кои работат за граѓаните – порачаа родителите пред зградата на Основниот суд и Основното јавно обвинителство во Кочани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Горан Наумовски

Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“

Во Скопје вечерва се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест месеци од несреќата во Кочани: Ова не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи

„Марш за ангелите“ во Кочани: Поминаа скоро 3 месеци откако е донесен обвинителниот акт, до кога да чекаме?

А1он