Маричиќ: Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени

Од:

Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата.

– Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог.

Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме.

– Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ.

Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите.

– Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој.