Малолетничка се застрелала со пиштол во куќа во Скопје

Од:

Малолетничка се застрелала со пиштол во стомакот. Како што информира полицијата вчера околу 21:30 часот 16 годишната Д.А од скопското село Брест дошла во куќата на 36 годишната Р.Ш.

Малолетничката која работела како хигиеничарка, вчера во домот на скопјанката се појавила без да биде повикана. По краток разговор со сопственичката, заминала да чисти на горниот спрат. Во еден момент се слушнал истрел по што 16 годишната девојка била затекната како лежи на креветот жалејќи се на болки во стомакот.

Била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде и била констатирана тешка телесна повреда устрелна рана во пределот на стомакот. При извршениот увид на местото на настанот пронајден е пиштол, со два неиспукани куршума во рамката, како и една чаура од испукан куршум, кои се земени за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.