Маленко: Тодор Петров е манипултор и руски шпион

Од:

Тодор Петров е манипулатор и соработник на руските тајни служби, вели во интервју за Охридскај, Александар Маленко.

„Тодор Петров е еден тежок манипулатор кој плука по се она што е свето, тоа е исто како некој да си ја плука мајката , тоа го прави Тодор Петров кој плука по Љубчо Георгиевски кој му беше и мајка и татко. Доколку Тодор Петров продолжи и понатака да изнесува невистини , на виделина ќе излезат многу вистини кои во овој момент нема да ги изнесам , а кои се однесуваат лично на него“, вели Маленко.

„Тодор Петров никогаш не бил гол во присуство на сопругата на Георгиевски , таквото е нешто далеку од секој здрав памет и Бог да не сочува од такви будалии. По oна што имав прилика да го прочитам се е тоа далеку од здравиот разум“, вели Маленко.

Не навлегува во сексуалната определба на Петров и во неговиот интимен приватен живот , но тврди дека Тодор Петров нема потреба од изнесување на такви ноторни лаги, меѓутоа, вели, не е морално и етички да се напаѓа Љубчо Георгиевски од Тодор Петров бидејќи Георгивски го финасирал Тодор Петров, а покрај тоа Тодор Петров неговото образование го стекнал благодарение на Љубчо Георгиевски.

Маленко бил претседател на задграничниот комитет на Светскиот македонски конгрес за Русија и блискиот исток.
Маленко открива Тодор Петров соработувал со Руските тајни служби, за негов личен интерес.