Јани Макрадули од собраниската говорница упати жестоки обвинувања кон власта и кон Комисијата за верификација на фактите, како и нејзиниот претседател Томе Аџиев.
– Македонија одамна не е држава во која човековите права и слободи се штитат со Устав и закон, денес човековите права и слободи ни се превземени и зависат од вољата на власта, која за да не си ги крвари рацете јавно си има свои Аџиевци, Гешковци, судии, обвинители, провладини мегафони – од собраниската говорница рече пратеникот од СДСМ, Јани Макрадули.
– Лустрацијата требаше да помогне да не се повторува минатото, но она што сега го прави власта е режим во кој лустрира и затвора неистомисленици, режим во кој имаме политички затвореници, како Љубе и Велија, режим кој се обиде да го скрие убиството на Мартин Нешковски, власт која уништува цели семејства како семејството Рамковски кои ги пикна в затвор, додава Макрадули.
Пратеникот на најголемата опозициска партија додава дека денес, наспроти препораките на Советот на Европа “да се лустрираат лица само кои се опасност за нови прекршувања на човековите права и слободи и би ја загрозиле демократијата“, наместо препораките на Венецијанската Комисија дека “Одмаздата не смее да биде поважна од демократијата“, наместо утврдување на факти, имаме надгласување на прекроената вистина.