А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонски концепт: Ќе посетиме повеќе најзагрозени семејства и ќе донираме пакет со производи

by А1он27/03/2020 - 13:12179
Share0

„Ја започнуваме втората хуманитарна активност „Солидарноста на дело“, во рамки на која ќе се посетат повеќе најзагрозени семејства низ државава, кои буквално немаат храна да преживеат, при што ќе им биде дониран пакет со основни прехрамбени производи. Тие пакети се набавени од лични средства на волонтерите од Македонски концепт“, пишува во соопштението од Македонски концепт.

Добивај вести на вибер

„Нормално е сега да си помогнеме сите помеѓу себе. Да градиме солидарност, но не само на зборови, туку таа солидарност да ја покажеме на дело. Поради мерките за заштита од корона вирусот, семејствата ќе ги посетуваат мининален број на волонтери, потребни само за транспорт на хуманитарните пакети, без да се влегува во нивните домови и да се изложуваат на дополнителен ризик од меѓусебно заразување“, се додава во соопштението од Македонски концепт.

„Во првата хуманитарна активност, преку пренамена на средствата, наменети за промоција на нашите кандидати за пратеници, беа набавени и донирани над 5000 заштитни маски, 10000 заштитни ракавици и 200 литри дезинтал, на ранливи категории на граѓани, здравствени и безбедносни инситуции, пишува во соопштението.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен