Македонската делегација од Вардарскиот плански регион, во која се наоѓаат претставници на локалните власти, менаџери на вински визби и енолози, беше примена од претседателот на департманот Горна Рајна, пратеникот во француското национално собрание Ерик Страуман, јавува дописникот на МИА.
Претседателот на еден од најразвиените француски департмани, кој се наоѓа на тромеѓето Франција-Германија-Швајцарија, не го криеше задоволството што има гости од Македонија, кои ги почести, приредувајќи им прием во неговата канцеларија, како што рече самиот по прв пат откако е претседател.
„ Ние во Алзас многу сме приврзани кон европската конструкција и посебно сме внимателни кон другите земји, како Македонија, која има историја слична на нашата. Алзас е вратата за влез на Македонија во областа Алзас, односно Франција и двете други соседни земји, бидејќи на наша територија се наоѓа еден од најголемите аердороми во овој дел на Франција и соседните земји. Преку овој аеродром патуваат над 7 милиони патници годишно и ние имаме директни линии со Македонија. Оваа нискобуџетналинија дозволува голем развој на размената. Македонија не е најпозната дестинација во Франција и Алзас , со оваа мала компанија луѓето патуваат многу полесно и престојот и со неа ни станува можен престојот во Македонија, но и кај нас. “ – рече Ерик Страуман претседателот на департманот Горна Рајнаи истовремено пратеник во француското национално собрание.
Треба да се нагласи дека аеродромот во Алзас Базел – Мулуз, секојдневно е поврзан со Скопје или со Охрид , што сигурно придонесува за да се промовира размената на сите полиња меѓу Источниот регион на Франција, поточно областа Алзас и Република Македонија но и со соседна Германија и Швајцарија.
Делегацијата од Македонија денес е во посета на Агенцијата за развој на туризмот на Алзас и на европските институции во Стразбур, каде ќе им биде приреден и прием од страна на амбасадарот Петар Поп Арсов во Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа.
Изминативе три дена делегацијата од Вардарскиот плански регион имаше серија на средби со професионалци од винската индустрија, како : Меѓупрофесионалниот комитет на вината на Алзас, училиштето специјализирано за лозраство и производство на вино од Руфах, посети на неколку винарии, организации на винопроизводители и љубители на виното итн.
Ввториот сегмент од работата на делегацијата беше посветен на туристичката понуда во Алзас, со средбите со Агенцијата за развој на туризмот на Алзас и Туристичкото биро на Оберне, потоа на Агенцијата актратктивност ( Агенцијата за развој, инвестиции и промоцијана Алзас). Средбите во сите ове структури е со цел размена на искуства и пренесувања на знаења од страна на францѕуските домаќини, кои ќе треба да им помогнат на македонските експерти за подобро запознавње со начинот на кој е организирано функционирањето на оваа област во Алзас, посебно тесната поврзаност на виното и туризмот, како фактор за економски развој на територијата, со оглед дека Алзас со својот Пат на виното го има најдолгото искуство во Франција.
Домаќин на македонската делегација е асоцијацијата Алзас – Македонија (АЛМА), со која претседава Жак Шлеф, со поддршка на постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, која за делегацијата ќе приреди прием.
Асоцијатата АЛМА од пред неколку години е вклучена во акции на културна и, спортска соработка и добротворни акции, а сега се посветува и на развојот на економската соработка односи меѓуМакедонија и Алзас. Во овој контекст, во јуни 2016 година во Скопје беше организирана операцијата под наслов “Добредојдовте во Алзас”, во партнерство со Агенцијата за Развој на Алзас и Амбасадата на Република Франција.
Оваа студиска посета е поддржана од страна на УНДП (Програмата за развој на ОН) за Македонија и има за цел да ги запознае гостите од Македонија со организација на винската индустрија, винскиот пат Алзас и нивната поврзаност со туризмот. Македонската делегација, која ја придружуваше дописникот на МИА од Франција, не криеше дека сака своите структури да ги приближи со европските стандарди и да го развијат винскиот пат во Вардарската долина, главниот производител на вино во Македонија.