А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија официјално извозник на разладени производи од живина во ЕУ

by А1он03/02/2017 - 15:01171
Share0

Од 28 јануари Македонија и официјално доби одобрение за извоз на производи од живина во Европската унија и за транзит во трети земји, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Добивај вести на вибер

Како што рече Поповски на прес-конференција, ќе може да се извезуваат само разладени производи (гради, копани,…), но не и преработки од живинско месо.

-Ова претставува голема можност нашите компании да ги пласираат производите, како и за развој на бројлерското производство и на целокупниот живинарски сектор, истакна Поповски.

Според него, ова се должи на напорите на АХВ во последните две години за отворање на сите пазари.

Агенцијата за храна наскоро очекува да добие одобрение за извоз и на преработки од живинско месо.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен