Македонија се наоѓа на дното на листата на држави во кои граѓаните не можат да си овозможат една недела одмор. Ова го покажа истражувањето на Еуростат.
Имено повеќе од третина Македонци (65, 3 проценти) не можат да си овозможат вакво нешто. Слична е состојбата и во соседна Србија каде се 62,8 проценти.
Според истражувањето, третина од популацијата на Европската унија (32,9 проценти) не можат да си приуштат годишен одмор. Најдобра е состојбата во Норвешка, каде само шест проценти од жителите не можат да овозможат неделен годишен одмор. Зад Норвешка се наоѓа Шведска со 8,2 проценти, потоа Швајцарска со 8,9 проценти во 2016-та година.
Од членките на ЕУ, најлоша е состојбата во Романија, каде две третини од жителите немаат средства за вакво нешто. Зад Романија следи Хрватска со 61, 2 проценти.
Во Турција дури 71,5 проценти (според достапните податоци од 2015-та) од жителите немаат пари за неделен годишен одмор.