Македонија ќе отвори амбасада и конзулат во Грција

Од:

Владата на Република Македонија  ја оддржа својата 118-та седница.

На седницата како што посочија од владината прес-служба Владата донесела одлука за отворање амбасада и Генерален Конзулат на Република Северна Македонија  во Грција.

„Владата донесе одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште во Атина, како и одлука и за отворање генерален конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун, кои ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија“, се наведува во соопштението на Владата.