Утре, по 32-ри пат, во потпелистерското село Трново, ќе се соберат Македонците од Егејскиот дел на Македонија на традиционалната погранична средба
Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола, апелира да не се политизира манифестацијата во Трново.
„ Не отстапуваме од нашите глобални определби, а тоа значи ќе ја поддржуваме секоја Влада што ќе се бори за правата на Македонците и за обезбедување работа за младите луѓе, но исто така ќе бидеме против секоја личност, група или Влада која ќе сака да го смени уставното име Република Македонија. Ние сме против дискриминацијата што соседните држави ја вршат на Македонците, и тоа ќе го потврдиме и в недела“, рече Александар Поповски, почесен преседател на Здружението.
Средбата ќе се одржи под мотото „Македонија е вечна“.
На средбата уште еднаш ќе биде упатена пораката за неменување на уставното име на Македонија.
Предвидена е и богата културно уметничка програма со КУД „Гоце Делчев“-Битола и „Сирма Војвода“-Прилеп, како и една фолклорна група од Јапонија.