Македонија 68 најмирна земја во Светот

Од:

Македонија е на 68 место по глобалниот индекс за 2012 објавен денеска кој покажува дека и покрај судирите во Сирија светот станал помирно место за живеење.

Пописот секоја година го составува Институтот за економија и мир со седиште во Австралија и во САД. Се темели на 23 критериуми, од граѓански немири, криминал, број на самоубиства, број на раселени и терористички напади до вмешаност во воени судири и односи со соседите.

Освен влошување на состојбата на Блкискиот исток, во секој дел на светот е забележан некој облик на прогрес и намалување на воените трошоци што наверојатно се должи на економската криза.

Десет најмирни земји во светот се Исланд, Данска, Нов Зеланд, Канада, Јапонија, Австрија, Ирска, Словенија, Финска и Швајцарија.

Најлоша е состојбата во Авганистан, Судан, Ирак, ДР Конго, Русија, Северна Кореа, Средноафричката република, Израел, Пакистан, Сирија и Либија.

САД се 88, едно место пред Кина. Од регионот, по Словенија најмирно е во Хрватска која е на 35 место, Србија и БиХ се на 64 и 65 место а зад нас е Црна Гора на 81 место.Од земјите на ЕУ најслабо котира Грција која се најде на 77 место.