Македонциите пред шалтер во просек по 8 минути

Од:

Во Македонија на шалтерите се чека осум минути, што е за помалку за една минута од европскиот просек, но вработените во Македонија не практикуваат да им се извинат на муштериите за долгото чекање.

До овие резултати дојдоа членките на Меѓународната асоцијација на даватели на Mystery Shopping услуги (MSPA Europe) кои истражувањето го спроведоа на територијата на Европа во пролетта 2012 година.

Тајните купувачи од 23 земји направија заеднички потфат и ги посетија банките, поштите, маркетите, продавниците за облека, објекти за брза храна и купуваа возни и автобуски карти во своите земји.

Истражувањето во Македонија го спроведе агенцијата SWOT Research, која констатирала дека во само 13 насто од ситуациите кога се чекало во ред биле превземени активности за да се намали редот, што е блиску до европскиот резултат од 14 насто.

Тајните купувачи во Македонија во просек чекале во ред по околу 8 минути, што е една минута помалку од просекот во цела Европа.

Пред тајните купувачи во Македонија имало во просек по 4 купувачи во редот, што е скоро еднакво на просекот во Европа, 4 – 5 купувачи во ред.

Ниту еден од вработените во ситуација кога имало редици не се извинил на клиентите кои чекале, додека тоа во Европа во просек го направиле 56 насто од вработените.

Во 68 отсто од случаите во Македонија вработените ги поздравиле тајните купувачи кога доаѓале на ред, а само 39 проценти од нив им се насмевнувале што во споредба со европскиот просек од 60 проценти е значително низок.

Во Русија се најдолгите и најбавните редови, додека најдолги редови имало во поштите ширум Европа